Категории

Ова се најчестите грешки кои ги правиме кога ги миеме рацете

Едно спроведено истражување на Универзитетот Мичиген покажало дека 95% од луѓето не ги мијат доволно своите раце за да ги уништат бактериите. Еве што треба да промените уште денес за да ја направите оваа навика ефикасна.

Миење раце набрзина

Повеќето луѓе ги мијат рацете шест секунди, а тоа треба да трае барем дваесет. Исто така, доколку само поминете со сапунот меѓу прстите, тоа не значи дека сте ги измиле рацете како што треба. Бактериите сакаат да се протнат во ноктите и затоа тој дел од прстите честопати се занемарува и е нечист.

Сушење

Ниту најделикатните техники на миење нема да вродат со плод доколку не ги исушите рацете правилно. Тоа значи дека е најдобро темелно да ги избришете за да не се задржат бактериите на нив.

Миење само пред и по јадење

Рацете треба да ги миете и кога едноставно само сакате да се освежите, а не само кога се валкани. Тие всушност се валкани и кога не сте работеле или сте јаделе.

Прегледи:
382
Објавено на:
21.06.2018