Категории

Ова се најдобрите модни изданија на Каролина Гочева

Македонската поп-дива, Каролина Гочева, е девојка која е секогаш претставителна, знае да носи од секси и женствено, до спортски и лежерно. Нејзиниот стил е препознатлив, а се темели на елеганција, убавина, женственост и квалитет.

Каде и да се појави, Каролина се истакнува и секогаш е соодветно облечена за секоја пригода.

За време на нејзините јавни појавувања и настапи, Каролина често ја гледаме во дамски стајлинг. Но, во приватноста често ја гледаме во лежерно издание без грам шминка на лицето, како што се нејзините опуштени прошетки во хеланки и маички на Водно.

Каде и да оди, Каролина никогаш не го заборава својот омилен моден додаток – насмевката.