Категории

Ова се најголемите стравови на мажите во врска

Без оглед на тоа што важат за посилен пол, мажите исто така имаат грижи кога се во прашање врските, единствено помалку ги покажуваат

Стравот и грижите поврзани за односот со партнерката се нормални, а често се појавуваат поради некој голем чекор во врската, акко што е почеток на заеднички живот или склопување брак. Иако се природни, овие стравови можат да ја превземат контролата врз чувствата па терапевтите советуваат кога ќе се појават, веднаш да разговарате со партнерката со цел да ги отстраните.

Што ќе биде со парите?
Често двата пола се грижат за тоа дека нема да можат да си го обезбедат неопходното ако и двата не заработуваат доволно. Најдобро е во овој проблем да се зборува отворено и да се направат планови за иднината. Разгледајте ги опциите како ќе ги организирате финансиите во домот и за тогаш кога ќе добиете дете. Советува др. Дан Дорфман, стручњак за врски.

Што ако исчезне магијата?
Првобитната возбуда и „пеперутки во стомакот“ понекогаш знаат да им недостигаат на партнерите, а терапевтите советуваат да пронајдете време само за вас двајцата.
Не е важно дали се во прашање спектакуларни нешта како патувања, или едноставно обично попладневно кафе во домот, убава вечера или прошетка во која заедно ќе уживате, блискоста дава сигурност.

Што ако се случи изневерување?
Психологот го подвлекува овој страв дека всушност важи за двата пола.
Партнерите еднакво стравуваат дека еден од нив ќе направи прељуба. Мислите не се исто како и делата, па не им дозволувајте да ја превземат контролата врз вас. Малите грижи и стравови стануваат се поголеми доколку не разговарате отворено и искрено, советува таа.

Прегледи:
342
Објавено на:
13.11.2019