Категории

Ова се најпопуларните облици на брада кај мажите

Во месецот ноември веќе години наназад симболично преку пуштање мустаќи се посветува внимание за подигање на свеста кон здравјето на машката популација, научните истражувања за третман на раковите на простата и тестисите, како и менталните заболувања.

Кампањата е поддржана на глобално ниво и во неа се вклучуваат и спортисти, глумци, музичари, ТВ-личности.

Освен за здравјето како примарна тема, мажите се повеќе се грижат и за својот изглед. Еден од најраспространетите трендови застапен во изгледот на мажите е негуваната и обликувана брада.

Но, растењето и одржувањето на брада не е толку едноставно, а и многу мажи ја немаат среќата да имаат убави густи влакна што би пораснале во добра машка брада. Поради тоа се почесто грижата за обликот и негата на својата брада, мажите ја препуштаат во рацете на оние кои знаат како се прави тоа.


Во салонот за убавина Корани ИС, кој се наоѓа во хотел Руссиа, покрај многубројните третмани и услуги, особено внимание се посветува и за изгледот на мажите, па затоа овој салон нуди совршено обликување и нега со најквалитетна козметика на брадата кај мажите. Отсега грижите околу обликот и негата на брадата се минато, бидејќи тоа е задача на професионалците во Корани ИС.

Кога зборуваме за обликот на брадата кај мажите, ви предлагаме неколку актуелни облици на брада кои се најмногу застапени кај мажите:

КРАТКА БРАДА – СЕНКА

Популарната брада од сенка создава илузија дека изгледате добро и кога се будите. Влакната кои  што растат над образите и под Адамовото јаболко се отстрануваат но не премногу за да не се изгуби природниот изглед. Поради кратката должина на влакната, може да се јави иритација на кожата, па затоа е препорачливо да се користи кондиционер за време на туширање. Ако имате брада која расте нерамномерно, оставете малку подолга коса, а потоа изберете формирање кратка брада. Оваа брада особено добро им одговара на мажите кои имаат повеќе дефинирани карактеристики на лицето.

БРАДА БЕЗ ВЛАКНА НА ВРАТОТ

Јасна граница помеѓу брадата и долниот дел од вратот е најдобриот начин да се добие сериозен, корпоративен изглед. Совршен трик за да добиете линија на вратот е со користење на Адамовото јаболко како водич и да ја следите линијата на надворешната страна на вилицата. Најдобар начин да се провери обликот на брадата е да се користи рачно огледало, кое ќе ви даде најдобар ефект со помош на огледалата во бањата.

ДОЛГА И УРЕДНА БРАДА

Долгата и уредна брада која не ја нарушува основната линија на лицето се препорачува на сите мажи. Одржување на линијата на образите е задолжително. Колку е брадата подолга, толку е поголема и грижата за неа. Особено корисни се маслата и балсамите за брадата кои и даваат сјај и квалитет.

Прегледи:
1611
Објавено на:
02.11.2017