Категории

Ова се симптомите кои укажуваат дека ви се појавил тромб во телото: Знаци кои не смеете да ги игнорирате

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое мора да бидете многу внимателни бидејќи може да го нападне срцето, мозокот и други органи.

Стотина илјади возрасни личности годишно умираат како последица на создавање згрутчување во крвта. Кога ќе се запушат артериите, мозокот, срцето и белите дробови, престануваат да добиваат кислород и потоа настанува срцев или мозочен удар.

Венската тромбоза е нешто што подразбира формирање на згрутчување во крвта во рацете и нозете. До неа доаѓа поради недоволно движење.

Ова се симтомите кои треба сериозно да се сфатат:

Отекување: Тоа може да се појави или на цела нога или рака, во зависност каде се развило згрутчувањето.

Промена на боја: Може да забележите дека рацете или нозете ви се црвена или сина боја.

Болка: Ќе почувствувате болка како ќе се влошува состојбата. Тоа е тапа или интензивна болка.

Тешко дишење: Ако ви се случува ова, може да значи дека згрутчувањето се преместило до белите дробови. Поради тоа доаѓа до кашлица или појава на крв при искашлување.

Кога згрутчувањето е во близина на срцето, треба да обрнете внимание на овие симптоми:

Силна болка во рацете и во прстите
Потење
Потешкотии при дишење
Силна болка во белите дробови
Кашлица
Вртоглавица

За жал, згрутчувањето на крвта може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар.

Обрнете внимание на овие симптоми:

Потешкотии со видот и говорот
Слабост

Прегледи:
457
Објавено на:
27.10.2021