Некои од вас ќе бидат среќни, некои пак тажни!
Во зависност од тоа дали сте љубител на летото, или сте пак повеќе „зимско дете“, оваа вест ќе ве разочара или израдува: на северната полутопка, денес во 16:21 часот, почна есен. Во истото време на јужната полутопка почна пролет.
Токму во моментот кога дојде новото годишно време се поклопија и временските услови: почна заладувањето, а се најавува и дожд.
Зимското сметање на времето оваа година ќе почна на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад.
Извор : makedonijadenes.com.mk