Категории

Ова се случува кога ќе престанеме да бидеме сексуално активни

Ќе се чувствувате вознемирено.

Сексот им помага на луѓето да се справат со стресот подобро. Шкотски истражувачи откриле дека луѓето кои се воздржуваат од полов живот се вознемирини како целина. За време на секс во мозокот настануваат различни хемиски реакции, се лачат хормони како ендорфин и окситоцин, кои му помагаат на човекот да се чувствува спокоен.

Мажите треба да се проверуваат за рак на простата.

Мажите кои не практикуваат секс, може да се здобијат со рак на простата. Според истражувањето на Американската уролошка асоцијација, ризикот од овој рак е за 20% поголем кај мажите кои се воздржуваат од љубовни милувања. Една од причините? Честата ејакулација може да ги исчисти потенцијално штетните материи од простатата.

Ќе станете поподложни на настинки и на грип.

Реткиот секс или недостатокот може да ве направи полесна мета за микробите. Многу истражувања докажуваат дека редовниот секс делува како имуностимуланс. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека луѓето кои имаат секс еднаш или двапати неделно се до 30% со подобар имунолошки систем, во споредба со оние кои имаат секс поретко или никогаш.

Ќе почнете да се чувствувате несигурни во врската (ако сте во таква).

Сексот влијае врз вашата среќа, чувството за близина со партнерот и безбедност во односите, тврдат експертите. Односот/бракот без сексуален живот може да ја погоди самодовербата на секој од партнерите, да расее чувство на вина, да се појават стравови и сомневања за изневери и др.

Ризикот од еректилна дисфункција кај мажите се зголемува.

Мажите кои немаат редовен секс се до двапати поризична група за развој на еректилна дисфункција, во споредба со мажите кои се радуваат на љубовни милувања барем еднаш неделно. Според авторите на едно американско истражување, пенисот е мускул, кој исто така сака физичка стимулација, за да остане во форма, слично на другите мускули во телото.

Може да се чувствувате потиснати без причина.

Жените се чувствуваат депресивни, ако долго време немаат секс, се тврди во истражувањето на списанието “Archives Of Sexual Behavior”. Екипата на студијата утврдила дека одредени соединенија, откриени во семената течност, вклучувајќи мелатонин, серотонин и окситоцин, можат да имаат однос кон зголемувањето на расположението после сексуален однос.

Прегледи:
528
Ознаки:
· ·
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
05.01.2016