Категории

Ова се трите најголеми непријатели на белите заби!

Белата насмевка ја посакуваме сите, бидејќи делува здраво и свежо, а на лицето му дава младолик изглед. Доколку ви се чини дека вашата насмевка и понатаму не е доволна блескава, иако доволно време посветувате на оралната хигиена, можеби треба нешто друго да промените. Ова се најголемите непријатели на забите.

Кафе

Многу луѓе едноставно го обожаваат овој напиток. Наутро ги буди и им дава енергија, а ритуалот на пиење кафе е неизбежен дел од секојдневието. Колку и да претставува уживање, кафето носи неволји во облик на дамки на забите. Зачестената консумација на овој напиток, може да ја промени бојата на забите за неколку нијанси.

Чај

Ако сте љубител на чаевите, сигурно веќе сте чуле дека немаат најдобро влијание на бојата на забите. Иако е помалку штетен за забите од кафето, треба да внимавате и да избегнувате често внесување ако забележите дека забите ја менуваат бојата.

Кармин

Несоодветна боја на кармин може да го промени општиот впечаток за белината на забите. Забите може да изгледаат и до неколку нијанси потемни , па дури и жолти. При избирањето на кармин важно е да избегнувате розови и оние со боја на пудра, а да користите црвени нијанси кои го неутрализираат жолтилото. Доколку не сте фан на црвените кармини, може да користите и кармини со ефект на сјај кои ги прекриваат темните бои.

Прегледи:
492
Објавено на:
14.09.2018