Категории

Ова се трите највкусни руски специјалитети

Напредувањето и усовршувањето на руската храна претставувало долготраен процес низ годините. Преку оваа кујна ќе ја почувствувате традицијата на рускиот народ.

Руската кујна и традиционалната храна и покрај својата специфичност е омилена на многу странци, меѓу другото и поради својата флексибилност да се адаптира за потребите на некои делови од Европа.


За среќа, кај нас постои ресторан каде што сите руски специјалитети ви се на дофат, приготвени по најдобрите руски рецепти, од рацете на професионалните готвачи.

Ресторанот на хотел Руссиа со многу љубов и посветеност ви го пренесува ова хедонистичко уживање во Скопје.

Преку специјалитетите на овој ресторан секој од вас сега може да ужива во живописниот изглед и неодоливиот вкус, автентично зготвени од врвните мајстори.

На менито на ресторанот на хотел Руссиа се наоѓаат три руски специјалитети.

Доколку сте љубители на зеленчукот тогаш со сигурност ќе уживате во Боршч Империјал, за љубителите на месо совршено би се вклопил специјалитетот Пелимени, а за десерт не би сакале да си заминете без да го пробате специјалитетот Сирники.

Јадењето и уживањето во руски рецепти дефинитивно ќе биде прекрасно искуство за сите оние кои се љубопитни да проверат зошто толку се зборува за овие специјалитети, па затоа почувствувајте го вкусот на Русија и уверете се во убавината на уникатните состојки и нодоливиот вкус на оваа кујна.

Прегледи:
1357
Објавено на:
17.10.2017