Жените не сакаат “плочки” на стомакот на својот партнер, ниту маж кој има “дебел” паричник… Кога станува збор за изборот на партнер, на жените им е најважно мажот да е доверлив.
Тука не се мисли само на доверливост во смисла дека жената ќе биде сигурна дека мажот нема да ја изневери, туку станува збор за пошироко значење на зборот.
Имено, дамите всушност сакаат партнер кој е онаков каков што се претставува, кој го прави она што го зборува. На него партнерката може да се потпре и може да смета на него.
Експертите имаат и научно објаснување зошто на жените им е потребен доверлив партнер (ако воопшто има потреба од објаснување).
Тие велат дека не само што жените можат да се потпрат на доверлив партнер, туку нив им е важна и безбедноста и здравјето на нивните деца кои зависат од тоа.
Како што се покажа, после бројни истражувања, татковците се клучен фактор за здравјето и успехот на децата. Кога татковците не се вклучени во воспитувањето на децата, ризикот дека детето ќе живее во сиромаштија е пет пати поголем, три пати се поголеми шансите за неуспех во училиште, а двојно е поголем ризикот дека детето ќе развие емоционални или пореметувања во однесувањето.
Токму поради таа причина, затоа што сакаат сигурност, жените “паѓаат” на малите знаци на внимание како што е отворањето на врата, кои порачуваат дека мажите се тука да ги штитат, да се грижат за нив и дека на нив може да им се верува.