Песимизмот е расположение, душевна состојба во која сите животни околности се укажуваат како неповолни, карактерна наклонетост во се да се гледа само непријатната, штетната страна, сфаќање според кое во светот и животот преовладува болката над удобноста, злото над доброто. За разлика од песимизмот, оптимизмот е склоност да се очекува најдобар можен исход или се ослонува на оние аспекти на дадена ситуација кои влеваат најмногу надеж.
Терминот оптимизам настанал од латинскиот збор optimum, што значи „најдобро“. Да се биде оптимистичен, во вообичаеното значење, значи да се очекува дека одредена ситуација ќе има најдобар можен исход. Да почнеме со силно вкоренетите убедувања кои лежат во основата на нашиот страв од неуспех односно нашата песимистичка перцепција на иднината. Од друга страна, ако на проблемот на достигнувањето му пристапиме на рационален начин, ќе научиме да ги прифатиме своите промашувања и грешки, и ќе ги користиме за подобрување на новите идни обиди. Ќе сфатиме дека вежбата, повеќе од што било, ги намалува грешките и го подобрува учинокот. Ќе се трудиме во нешто да постигнеме свој, а не општ максимум, и нема да правиме грешка со вложување на сопственото „его”.
Песимизмот може да биде и манифестација на потребата за перфекционизам. Оти секогаш ќе најдеме добра причина зошто нема нешто да се обидеме да промениме. Неодамна, истражувачите открија дека тоа што ни се случува внатре – скриените фактори како што е расположението, размислувањата, интерпретациите, она што за нас е значајно, нашето чувство за самодоверба, ефектите од стресот итн. – имаат големо влијание врз добивањето на некоја болест. Исто така, овие внатрешни фактори влијаат и врз нашето однесување. Премногу стрес? Запалете цигара. Ве навредува директорот? Каснете си нешто благо. И како ги доживуваме и како реагираме на работите кои внатрешно ни влијаат, особено ако се работи за справување со стрес?
Истражувачите се согласуваат дека стилот на објаснување има екстремно големо влијание врз здравјето. Тие сметаат дека стилот на објаснување функционира како себе-исполнително пророштво. Начинот на кој едно лице „ги објаснува работите што му се случуваат во животот, ја предвидува и неговата иднина. Оние кои имаат оптимистички стил на објаснување имаат подобро здравје од неколку причини. Тие имаат посилен имунолошки систем, имаат поздрави животни навики и поголема социјална поддршка. Оние со песимистички стил на објаснување реагираат на болести со чувство на беспомошност и не успеваат да се справат со болеста.
На шеговит начин тоа може да се објасни вака: Додека песимистот вели- Ова не може да биде полошо! Оптимистот е тука да го потчукне по рамо и да му каже –Може, може!
И на самиот крај вие што мислите, оваа чаша е полу-празна или полу-полна? :)