Американската манекенка Бриана Лопез го исчистила своето лице од акните со помош на природни, лековити производи. Таа на својот Инстаграм профил објавила фотографии пред и после, како и комплетната метода која ја применувала во текот на целиот месец.
Наместо скапи и болни козметички третмани, Бриана решила да се обиде на природен начин да ја исчисти кожата од акни. Како што кажува, за 30 денови успеала да го исчисти своето лице, а резултатите се навистина фантастични.
„Тоа беше навистина тежок период за мене. Понекогаш се заклучував во соба бидејќи не сакав да видам никого, дури ни моите родители“, вели Бриана.
Таа открила како изгледала целосната процедура на лечење, а ние ви ја пренесува во целост.
Чистење со масло
Првиот чекор а нега на кожата на лицето е чистењето. Бриана користела масло од јојоба, а на кожата го нанесувала со нежни движења, како блага масажа. Маслото се отстранува со топол пешкир или ракавица за вадење шминка. Своето лице го чистела два пати во текот на денот.
Маска за лице
По чистењето следи ставањето на маска. Бриана користела 2 лажички мед измешани со цимет и куркума (по половина лажичка од двете состојки). Маската на лице ја држела околу еден час.
Понекогаш користела и маска на база на глина, бидејќи и оваа маска има смирувачко дејство на кожата. Маската ја користела оние денови кога планирала да се шминка и да става пудра.
Хидратација
Следниот чекор е хидратација. Таа користела серум кој се добива од шипка и масло од морков, а во него додавала неколку капки масло од лаванда. Го нанесувала на влажна кожа.
Борба со лузни
За да ја ублажи видливоста на лузните, Бриана пред спиење нанесувала масло директно на акните и лузните. Ова го правела секоја вечер без исклучоци.
Билни суплементи
Последниот чекор, но еднакво важен, е користењето на билните суплементи: куркума, морски алги, буково дрво. Таа вели дека најпрово треба да направите алерго тест и да се консултирате со доктор, па потоа да ги нанесувате овие состојки.
По една недела користење на исклучиво природни состојки таа веќе забележувала одредена разлика. По два месеци и тенот добил изедначена боја и сјај.