Категории

Оваа сабота, крај за Жаре и Еден на Еден

Жаре и екипата на најпопуларното македонско ток шоу Еден на Еден одат на заслужена пауза.

Во следните неколку саботи, стандардниот термин 19:15 часот на Телма ќе биде резервиран за репризи на некои од најинтересните гостувања, а оваа сабота во 19:15 часот ќе го гледаме финалето на сезоната во која гостуваа Игор Џамбазов, Марјана, Сашко Коцев, Тамара Тодевска, Ник Вујичиќ, Саша Ковачевиќ, Тимур Дибиров, Борко Ристовски, Каролина, Елена и многу други кои само го потврдија статусот на шоуто како најдобриот тв продукт од својот формат.

Прегледи:
476
Објавено на:
20.05.2016