Категории

Оваа земја ќе стане 100% органска: Рај за љубителите на здравиот живот!

Дали со овој факт оваа држава ќе стане и 100% популарна? Изгледа дека ќе биде така. Земјата која си постави исклучително храбра и голема цел, до 2020. година целото производство на овошје, зеленчук и билки да ги претвори во 100% органски и биодинамички е Данска!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Scandinavia (@visitscandinavia) on


Државата и понатаму го поттикнува населението да го претвора земјиштето во органско, а стимулира и зголемување на побарувачката за органски производи. Иако Скандинавците генерално се познати по негувањето на здравите навики, а трендот на органска исхрана во Данска е присутен речиси отсекогаш, државата сепак препознала потенцијал во ваквиот начин на исхрана и нејзинината сѐ поголема популарност, па само минатата година вложила повеќе од 53 милиони евра за да го пренасочи своето земјоделство кон органските методи и така стана првата држава во светот која произведува 100% органска храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Scandinavia (@visitscandinavia) on


Извозот на данските органски производи напредува

Данска е веќе далеку понапред кога станува збор за произведувањето на органска храна. Нивниот национален органски бренд слави четврт век, 97% од граѓаните се запознаени со неговото значење, а извозот на дански органски производи од 2007. година е зголемен за 200%.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Scandinavia (@visitscandinavia) on


Тамошната влада донела Акциски органски план за данска и во него во 67 точки потпишала што ќе се прави за да се оствари целта до 2020. година целата земја да произведува исклучиво органска храна.