Категории

Овие 3 реченици изговорете ги секое утро и привлечете среќа, здравје и љубов

Овие 3 реченици изговорете ги за среќа секое утро – афирмации кои можат да ви помогнат да го промените животот на подобро!

Што да направите наутро кога ќе станете? Дали да работите на својата мотивација? Колку се трудите да создадете позитивна енергија на самиот почеток на денот? Доколку ги повторувате овие 3 афирмации, животот може да ви се промени на подобро.

Еве кои 3 реченици треба да ги поворувате секое утро:

Кога ќе ги отворите очите и ќе зачекорите да станете од креветот, изговорете – Станувам за да ја запознаам својата среќа!

Добро е откако ќе се разбудите да се напиете чаша вода за да се хидрира телото, а пред да ја испиете изговорете – Пијам сила, пијам здравје, пијам енергија за овој ден!

Пред да излезете од дома, сигурно ќе се погледнете во огледало, па тогаш изговорете – Мојот одраз е магнет за среќа!

Изговарањето на афирмации нема да направи вашите сакани желби да се исполнат сами од себе, туку ќе ве поттикне и мотивира да остварите што сте сонувале, но важно е да се активирате самите вие за исполнување на желбите. Веќе денес направете го првиот чекор.

Прегледи:
578
Објавено на:
19.10.2021