Категории

Овие 3 типови на токсични личности секогаш треба да се игнорираат: Направете заштитна обвивка околу вашата душа

За да научиме да ги игнорираме овие личности, треба да изградиме штит околу нашата душа. Ова во психологијата се нарекува „радикално прифаќање“.

Односите со другите луѓе ни носат среќа и задоволство, но тие исто така честопати се извор на тага и разочарување. Затоа, за да најдеме среќа, мора да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесувања на други личности.

 

Освен тоа, има моменти кога игнорирањето на нештата е прашање на ментално здравје, затоа што нашиот став кон она што се случува нè спречува да одиме напред и да го реализираме нашиот целосен потенцијал.

Сфаќањето дека и ние понекогаш имаме токсични односи,  е првиот чекор за да се ослободиме од стапицата во која самите сме паднале.

 

Игнорирањето е уметност!

Игнорирањето не е форма на одмазда и не е начин да се испровоцира некој, туку начин за да се заштитите себеси.

 

3 ситуации кога треба да ги игнорирате другите:

  1. Деструктивна критика

Ако критиката никогаш не ви помага, тоа само ве фрла во очај – треба да ја игнорирате. Не дозволувајте другите да ви судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди – заштитете се!

 

  1. Негативни постапки

Ако некоја личност ви наштетува, не дозволувајте нејзиното однесување да ви ја промени психата, бидејќи тоа ќе значи дека ја постигнала својата цел. Запомнете дека можете да навредите само некој што ви дозволува. Ако забележите дека некој се однесува несоодветно спрема вас, едноставно свртете се и држете се подалеку од таа личност.

 

  1. Манипулација

Постојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината преку емоционална манипулација. Бидете свесни за овие луѓе, избегнувајте да се дружите со нив …. Ако научите да ги игнорирате нивните зборови, бидете сигурни дека сте научиле да живеете без стрес.

 

Направете заштитна обвивка

 

Се навикнавме да бидеме разочарани или вознемирени од однесувањето на другите луѓе. Таквата реакција е нормална бидејќи не секој од нас е Буда.

Проблемот се појавува кога таквата реакција трае подолго и почнува да влијае на вашето здравје.

 

За да научиме да ги игнорираме овие луѓе, треба да изградиме штит за нашата душа. Ова се нарекува „радикално прифаќање“ во психологијата.

 

Ова значи целосно да одбиете да прифатите сè. На пример, ние одбиваме да прифатиме критика на другите луѓе или негативно однесување. Да прифатиме дека одредени личности без разлика што и да кажат, нема да дозволиме да не допрат.

 

Таквото психолошко растојание создава заштитен штит околу вас и ја усовршува способноста да реагирате на одредена ситуација без емотивно да се уништувате.

Прегледи:
631
Објавено на:
31.08.2019