Категории

Овие актери се зависници од секс и не го кријат тоа

Овие актери се зависници од секс, а некои од нив месечно спиеле и со 80 жени. Некои од нив, побарале и стручна помош од оваа зависност.

Во биографијата која ја објавил Мајкл Даглас во 2012 година, ја признал својата зависност од секс. Поради оваа зависност поминал некое време во клиника за лечење од зависности, а овој проблем бил една од причините за првиот развод. Во едно интервју изјавил дека неговиот татко, Кирк Даглас се гордеел со фактот што неговиот син е сексуален зависник.

Чарли Шин познат под прекарот „лошо момче“, а во Холивуд исто така е познат и по својот бурен сексуален живот. Кога имал 25 години се пријавил во една клиника, но неговиот брак со Дениз Ричардс е уништен поради неговата сексуална зависност, а и секоја наредна врска завршувала неславно. Актерот пред две години дозна и дека е ХИВ позитивен.

Роби Вилијамс се смири откако е во брак, но претходно имал големи проблеми со дрогата и алкохолот. Велат дека зависниците една зависност заменуваат со друга, па така и музичарот ја заменил зависноста од дрога и алкохол.

– Се откажав од дрогата и алкохолот и сакав тоа да го заменам со нешто друго, па поради тоа имав уште повеќе секс. Но, не пронаоѓав среќа во тоа – изјавил пејачот.

За Џек Николсон актерката Ким Бесинџер изјавила: Тој е луд. Никогаш не сум запознала личност која е толку опседната со секс. Дека го обожава сексот не крие ни самиот актер, кој во една прилика на прашањето колку деца има, рекол: – Може да имам и девет илјади деца, бидејќи некогаш живеев прилично слободно и никогаш не ми беше доста од жени. Има денови кога завршував со четири или пет жени.

И Расел Бренд има богат сексуален живот како и Џек Николсон, а овој актер наводно има и свој тим кој му наоѓа жени за секс. Не ја крие својата зависност и тврди дека во еден месец спиел со 80 жени.

Тајгер Вудс од спортска икона за краток период се претвори во зависник од секс. Таа зависност го уништи неговиот брак со Елин Нордегрен, а подоцна признал дека зависноста од сексот била појака од него и не можел да ја контролира и затоа по разводот и бројните афери кои испливаа на површина, побарал стручна помош.

Прегледи:
538
Објавено на:
06.02.2018