Категории

Овие јадења никако не смеете да ги подгревате, може да се отруете!

Компир

Компирот е многу хранлив намирник кој никако не треба да се подгрева затоа што така ги губи повеќето својства, а дури станува и токсичен. Јадете го веднаш после подготовката или дури ладен – тогаш во него е најголемиот процент на отпорен скроб заслужен за долготрајно чувство на ситост. Ако подготвувате храна за повеќе денови, компирот одвојте го, па дополнително згответе го.

Спанаќ

Спанаќот е храна со висок процент на нитрати, кои со повторно подгревање преоѓаат во нитрити. Тие се потенцијално канцерогени за човечкиот организам, затоа се советува спанаќот да се јаде исклучиво свеж, односно веднаш после подготовката.

Репка

Како и спанаќот, репката исто така содржи нитрати кои со подгревање стануваат исклучително штетни. Тоа не значи дека другиот ден не може да ја јадете оваа храна, само што не треба да ја подгревате.

Целер

Целерот, кој најчесто се користи за супи, задолжително треба да се извади после готвењето, заедно со морковот, и да се јаде свежо подготвен. Тој исто така содржи нитрати. Супата може да ја подгреете ако сте ги извадиле целерот и морковот.

Јајца

Јајцата се високоризична храна за подгревање која исто така станува токсична поради изложување на висока температура. Тоа не важи за јадењата каде што јајцата се вмешани во сосови, како бешамел, туку се однесува на јадења со готвени или печени јајца, како мусака.

1 2

Прегледи:
751
Ознаки:
· ·
Објавено на:
14.03.2016