Категории

Овие се најубавите мафини на светот!

Слатки, брзи, исклучително вкусни

Состојки:

  • 4 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 1 маргарин
  • 16 лажици брашно

 

Подготовка:

Стопете го маргаринот и чоколадото. Посебно изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги изматените јајца и шеќерот во стопената чоколада и маргаринот. Потоа полека, мешајќи, додадете 16 лажици брашно. Измешајте сè добро и ставете во калапи.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги мафините 5-8 минути. Ако сакате чоколадото внатре да биде потечно, печете 5 минути.

По желба, посипете ги печените мафини со шеќер во прав.

 

Уживајте во најчоколадните мафини!

Прегледи:
665
Објавено на:
13.11.2019