Категории

Овие типови на девојки мажите не ги поднесуваат

За една врска да биде успешна, треба да има љубов, разбирање, доверба и да се прават компромиси. Партнерите мора да знаат да направат компромис и да ги почитуваат желбите на партнерот. 

Сепак, постојат девојки чии карактер, однесување и навики можат да го излудат партнерот, па дури и да го натераат да избега од нив.

Следниве типови на девојки мажите не ги поднесуваат.

Љубоморните девојки го заземаат првото место. Знаеме дека љубомората значи дека партнерот се грижи за вас и му значите, но доколку се претера со љубомората, тоа може да предизвика сериозни конфликти кои никој не би ги поднел.

Реално, многу малку мажи имаат силна желба за брак како што ја имаат повеќето жени. Генерално, мажите сакаат работите да се одвиваат постепено, поради што желбата за брак кај нив доаѓа подоцна.

Доколку во врската девојката не покажува никаков ентузијазам и опседната е со самата себе, тогаш ниту еден нормален маж не би го трпел тоа. Како што девојките очекуваат внимание и љубов од мажите, истото треба и тие да го возвратат.

Во врската и двајцата партнери треба да се рамноправни. Мажите не сакаат кога девојките се прават главни во врската.