Категории

Овие три хороскопски знака се разликуваат од останатите – прочитајте зошто!

Хороскопот открива различни аспекти од нашите животи, но можат ли ѕвездите и астрологијата да ни каже колку долго ќе живееме? 

Еве три хороскопски знака, кои, според истражувањата и статистиката, живеат најдолго.

Луѓето кои живеат повеќе од 100 години имаат различни тајни за својата долговечност, но се чини дека нивниот долг живот има нешто и со хороскопот.

Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во знакот на Рак живеат најдолго, а го следат оние во знакот на Овен и Девица. Се верува дека многу Ракови доживуваат длабока старост бидејќи водат здрав живот, ама и затоа што ги мотивира мислата да живеат што подолго за што повеќе време да бидат крај своите најблиски, особено децата, и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се исклучително семејни и грижливи личности.

Девиците живеат долговечно поради својот уреден начин на живеење и поради големата грижа за сопственото здравје. За многу Девици правилната исхрана и физичката активност се стил на живот, па тие не може да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се прилично смирени личности, а помалку стрес значи и подолг живот.

Тајната на Овенот е „едноставна“ и таа се состои од следново: од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст за животот.

Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдува и официјалниот список на долговечни луѓе во светот, што се води од 1955 година, а ја составува организацијата Геронтолошка истражувачка група. Меѓу 59 лица од листата, најмногу има лица родени во Рак (8), а следи Девицата (7) и Овенот (7). Интересно е тоа што меѓу овие 22 лица, дури 18 се жени, што го потврдува и познатиот факт дека жените живеат подолго од мажите. Тоа што дури 11 лица се од САД, може да се објасни со високиот стандард на живеење во таа држава.

Прегледи:
367
Објавено на:
18.08.2016