Категории

Овие трикови со ацетон сигурно не сте ги знаеле!

Отстранувачот на лак за нокти или популарно наречениот ацетон е козметичка неопходност што со сигурност може да се најде во повеќето домаќинства, а покрај класичната употреба, може да ви користи во домот на неколку неочекувани начини.

Најкорисен е секако како средство за отстранување тврдоглави дамки, а исто така може и да дезинфицира одредени предмети. Во продолжение дознавате што сè може да исчистите со ацетон.

Извадете го остатокот од бојата од стаклото на прозорецот

Ако сте ги бојадисувале рамките на вашите прозорци, и притоа случајно со бојата сте го извалкале и стаклото, со помош на ацетон лесно може да ја отстраните веќе засушената боја на стаклото. Ставете малку ацетон на бојата и оставете да стои пет минути пред да ја избришете дамката.

Исчистете го вашиот брич

Ацетонот делува како средство за дезинфекција, така што со негова помош може да ги дезинфицирате вашите бричеви и да ги отстраните насобраните  остатоци од сапун. Така ќе го продолжите животот на вашите жилети.

Исчистете ги трагите од чевли на подот

Некои чевли можат да остават непријатни црни ознаки на нашите подови кои не секогаш се лесни за чистење. Потопете ткаенината со ацетон и отстранете ги трагите од плочките, ламинатот и бетонот. Избегнувајте користење на овој трик на паркет, бидејќи ќе го оштети лакот!

Отстранете ги дамките направени со маркер

Ацетонот исто така може да ги отстрани најтврдокорните дамки направени со маркер, и од вашите раце и од ѕидовите. При чистење на ѕидовите имајте претпазлив пристап, така што нема да ја проширите дамката со претерано триење.

Исчистете ја вашата бела тастатура

Валканата бела тастатура може да изгледа како нова доколку внимателно ги исчистите копчињата со помош на стапчиња за уши натопени со ацетон. Само внимавајте да не дозволите течноста да ви се истури меѓу копчињата, па да ги оштетите.

Освежете ги старите патики

Белата површина на гума на патиките не стои со таа боја долго, особено ако сте невнимателни додека одите. Натопете памук со ацетон и поминете ја површината на гумата за да ја исчистите акумулираната нечистотија, а потоа отстранете го остатокот од ацетон со влажна крпа.

Отстранете ги дамките од керамиката

Насобраните дамки од кафе или чај на вашата омилена шолја може да се отстранат со натопување на крпа со ацетон и триење на валканата површина. Обрнете внимание на шолјите кои имаат декоративен дизајн насликан на површината, како не би го уништиле со јако средство. Кога ќе завршите, исплакнете ја шолјата со вода и класичен детергент.

Отстранете ги налепниците и етикетите од теглите

Ако имате проблеми со отстранување леплива налепница и етикети од стаклените површини, истриете ги со крпа натопена со ацетон.

Поправка на пластични играчки

Со ацетон лесно може да се топи поголемиот дел од пластичните материјали, така што само една капка ацетон и цврст стисок со рака е доволно да се поправи скршеното место на пластичните играчки. Почекајте ацетонот да се исуши за да го прицврстите одвоениот дел. Овој трик е особено корисен за играчки кои се во жарот на детската игра секојдневно, така што ќе добијат барем привремена поправка и подолг живот.

 

Прегледи:
615
Објавено на:
15.03.2018