Категории

Овој човек може да трча со денови! (видео)

Тој трчаше на маратон на Јужниот пол, на температура од -25 Целзиусови степени, за 50 дена истрча 50 маратони – сите во различни држави, а истрча и 563 километри за 80 часа и 44 минути, без ни минута сон.

Па, така овој човек е вистински супермен, а сето тоа поради ретка здравствена состојба.

Имено, овој неуморлив маратонец, Дин Карназес (53), никогаш немал грчеви, ниту почувствувал умор во мускулите. Дин овие натчовечки способности ги должи на ретката здравствена состојба, благодарение на која организмот со неверојатна брзина го регулира нивото на млечна киселина во телото.

Вообичаено, кога вежбаме, телото ја претвора глукозата во енергија, која произведува млечна киселина како нуспроизвод. Млечната киселина се насобира во мускулите, предизвикувајќи грчеви или умор како знак дека телото треба да се одмори.

Меѓутоа, поради својата состојба Дин никогаш немал такви симптоми. Резултатот на тоа е дека тој може да трча долг временски период без престан и може да учествува на едни од најтешките натпреварувања во светот.

“Кога ќе постигнам одреден интензитет, чувствувам дека можам да издржам уште долго, а да не се уморам. Без оглед на тоа колку се форсирам, моите мускули никогаш не се заморуваат. Тоа е голем плус кога сакам да трчам на долги километражи”, вели Дин.

Во една прилика овој супер-човек трчал три дена и три ноќи без престан, и иако не чувствувал умор во мускулите, вели дека третата ноќ веќе му се одзела “психичката” сила.

“Да се истрча толку долга километража и да се трча толку долго е натчовечка способност”, вели спортскиот психолог Никол Мари Пинто.

Карназес почнал да трча уште како дете и во рана возраст забележал дека може да издржи физичка активност подолго од другите. Додека, на пример, неговите другари во училиштето трчале 15 кругови, Дин трчал 105.

Прегледи:
546
Категории:
Спорт
Објавено на:
14.05.2016