Категории

Фото: Овој мачор е новиот газда во еден супермаркет во Велика Британија

 

 

Еден супермаркет во Брукли во Велки Британија, има необичен гостин на своите полици. Мачката Оливер во ноември минатата година стана вистинска Интернет сензација, кога откако ја истераа, таа повторно се врати. 

Сега после два месеци одмор, таа повторно се врати и реши да се одмазди.

Редовните купувачи повторно ја приметија, ја сликаа, а фотографиите ги испратија на сите друштвени мрежи.

Менаџментот во маркетот не е премногу среќен поради нејзиното враќање затоа што смета дека со неа во работниот простор постои „здравствен и безбедносен ризик“. Освен тоа може во секој момент да бутне се на полиците.

Како и да е, од ноември Оливер сите го сакаат, а на друштвените мрежи сите се распрашуваат за него, и доаѓаат во маркетот за да го запознаат.

Оливер има шест години, и живее во близина на маркетот.

 

 

 

Прегледи:
371
Категории:
Занимливости
Објавено на:
12.01.2016