Категории

Овој недостаток на витамин предизвикува пореметување на хормоните: Еве како да спречите болест на тироидната жлезда

Недостаток на овој витамин може да биде активатор на заболување на тироидната жлезда!

Истражувањата покажуваат дека здравјето на тироидната жлезда е во корелација со концентрацијата на витамин Б во организмот.

Недостаток на витамин Б2 (рибофлавин) ја забавува функцијата на тироидната жлезда и како последица на тоа се јавува недоволно лачење на тироидниот хормон.

Симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б2 во организмот се: испукани усни, сува кожа, воспаление во устата и на јазикот, суво грло, анемија, чувствителни очи на посилна светлина, фистули.

Потребната доза на витамин Б2 може да се внесе преку исхраната, а највеќе го има во млечните производи, јајцата, месото, лиснатиот зеленчук, житарките и оревите.

Исто така, луѓето со намалена функција на тироидната жлезда не можат да апсорбираат витамин Б12, што може да биде многу опасно за здравјето. Повеќето лекари препишуваат употреба на додатоци, а се препорачува во исхраната да вклучуи и семе од сусам, туна, млеко, јајца, сирење, аспарагус и круши.

 

Ако имате некој од наведениве симптоми за недостаток на витамин, важно е да направите анализа на крвта и да се консултирате со специјалист.