Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа е концертот на Влатко Лозаноски Лозано. Концертот ќе се случи овој петок во склоп на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол.
До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Саут Парк, Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Гоце САФ, Aлександра јанева и 4 настапи на оркестри.
Лозано има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот и ќе се претстави пред македонската публика на 17ти декември пред Скопската публка со почеток од 20:00 часот.
„Јако јако“, „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Километри“, „Надеж“, „Мандарина“ и уште многу други песни кои се белег на кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека оваа вечер ќе биде магична.
Од Скопје Сити Мол велат “Скопје мириса на цимет и варено вино… Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија. Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје.”
Секој ден различна музичка бајка. Волшепство во градот – Дојди, посакај, сонувај
Во продолжение музичката програма до 31.12 на Новогодишен базар во Skopje City Mall