Категории

„Паднат од круша“ – Од каде доаѓа оваа популарна изрека?

Значењето се менувало неколку пати низ историјата..

Фразата „паднат од круша“ е добро позната кај нашиот народ и доста често се користи. Во главно таа е синоним за глупост, збунетост, несмасност, а дали всушност знаете како настанала и од каде „влече корени“?

Објаснувањето може да се пронајде во старите историски книги. Како што пишува во една од нив, крушовото дрво било на лош глас. Во спротивност со јаболковото, крушата се сметала за „злобно дрво“, за дрво демон. Во народните преданија под крушата се собирање ѓаволите, а на неа се наоѓала и вештица.

Затоа оние кои би се нашле на круша, па паднале од неа, народото ги сметал за луди, глупави и несмасни. Така всушност настанала оваа фраза. Постои и уште една спротивна фраза која гласи: „Не сум паднал од круша“, а значењето е „не сум луд“.

Прегледи:
874
Објавено на:
12.06.2020