Категории

Пар со Даунов синдром се прогласени за крал и кралица на матурската вечер

Овој пар со Даунов синдром биле прогласени за крал и кралица на матурската вечер од страна на учениците во нивното училиште. Дилан Хјуџис и Амели Баркер кои имаат 16 години биле пресреќни кога го слушнале прогласувањето.

Нивните родители раскажуваат дека парот се запознале кога имале само три години, а сега планираат да се венчаат во иднина. Иако се познаваат речиси целиот живот, нивната љубов се родила пред шест месеци.

„Како што се случува со сите тинејџери, тие одеднаш почнаа да се гледаат „со други очи“, раскажува мајката на Амели, Катарина.

„Самите ни соопштија дека се момче и девојка и дека во иднина планираат да се венчаат. Веќе сѐ им е испланирано“, додава Катарина.

Дилан ја претставувал Велика Британија на Светското првенство во пливање за лица со Даунов синдром во Канада, и се подготвува да се натпреварува и на Европското првенство во Сардинија.

Тој го обожава спортот, а Амели ќе започне да посетува курс за нега на деца. „Таа обожава дека и сака да работи со нив“, вели Катарина.

Прегледи:
540
Објавено на:
30.01.2020