Категории

Парна локомотива во Англија украсена со 13,000 светилки им пружи празнична идила на патниците

(ВИДЕО) Првиот LED воз во светот наскоро ќе им приушти на своите патници едно прекрасно празнично искуство.

На релација помеѓу Алресфорд и Алтон, возот Mid Hants Watercress Line ќе им овозможи на своите патници комплетно божиќно уживање. Возот доби ново руво кое се состои од 13,000 ламбички во разни бои.

Ламбичките се програмирани да ги менуваат боите и да создаваат блескаво шоу. На патниците исто така им се врачувани украсни светилки за рацете кои можат да ги понесат со себе после возењето.
Во текот на патувањето во возот свири и традиционална празнична музика за празничната атмосфера да биде комплетно доловена.

„Чест ни е да им овозможиме на нашите патници едно поинакво патување во Watercress Line. Сигурни сме дека тоа ќе биде можност да уживаат во пријатните мигови со своето семејство кои ќе ги паметат засеогаш.“

Наскоро оваа локомотива ќе стартува со работа и на своите патници ќе им овозможи едно пријатно искуство така што ќе уживаат во празничната атмосфера.