Категории

Пасивно- агресивни цитати кои ќе ве мотивираат да продолжите напред

Сите ние во животот се соочуваме со многу сурови моменти, поради кои многу често паѓаме во депрсеија. 

Во таквите моменти потребно е охрабрување и убави зборови за да продолжиме понатаму. Но, за да го направиме тоа, прво нешто што треба да направиме е да се соочиме со суровата реалност и да ја прифатиме.

А, кога тоа ќе го направме, следно нешто што ни треба е инспирација. За таа цел, прочитајте ги пасивно – агресивните цитати, кои ќе ви помогнат да ја кренете главата горе и да продолжите напред. Најубаво е да ги читате секоја вечер, пред да си легнете, и наутро, кога ќе станете.

„Клучот за среќата лежи во ниските очекувања.“

„Ништо не е невозможно за луѓето кои ќе се обидат. Освен ако не станува збор за нешто многу тешко, или многу лесно ако сте глупави.“

„Понекогаш сѐ што ви треба се милион евра.“

„Најдобро ќе се подготвите за утрешниот ден, ако не правите ништо денес. Сите работиме подобро 5 минути пред да ни дојдат гости.“

„Сите треба да веруваме во нешто. Вие верувајте дека моментално би требало да бидете на плажа и да пиете коктели.“

„Никогаш немојте да осудите некого пред да поодите во неговите чевли. Освен ако не станува збор за многу лоши чевли. Тогаш дефинитивно треба да кажете нешто.“

„Нашата најголема слабост е откажувањето. Но, и недостатокот од доволно цврст надворешен скелет за да ги заштити нашите витални органи.“

„Кога имате некакви сомнежи, објавете нејасен статус на Фејсбук, бидејќи така прават возрасните.“

„Не можете да ја промените насоката на ветрот, а тоа е навистина за никаде!“

„Како да бидете успешни: Гледајте си ја работата!“

„Ако можете да сонувате за тоа, можете и да го остварите. Освен ако не сонувате како ве јадат змии. Дефинитивно не би требало да го остварите тоа.“

„Кога некоја врата ќе ви се затвори, понекогаш треба да земете чекан и клинци за да се погрижите вратата да остане затворена.“

„Најдобрите и најубавите нешта во светот не можат да бидат видени и допрени. Тие се викаат оргазми.“

„Некои луѓе се како облаци… Кога ќе ги снема, денот веднаш станува поубав.“

„Некои луѓе заслужуваат да добијат ’Да пукне’. Во лице. Со столче.“

„Верувајте дека можете и ќе ви треба уште малку за да се убедите дека треба да направите нешто глупаво.“

„Бидете виножито во нечиј облак. Освен ако не можете да бидете молња што удира во идиот кој се крие под дрво. Тогаш бидете молња.“

„Што и да правите, секогаш давајте 100% од себе. Освен ако не донирате крв.“