Категории

Пауза на секои 30 минути ако сакате да го зачувате здравјето

Долгото седење е штетно за здравјето и носи висок ризик од прерана смрт, без оглед на тоа колку често вежбате. Ова го покажуваат истражувањата спроведени на 8.000 испитаници постари од 45 години.

За време на набљудувањето на испитаниците кај личностите што најмногу седат во текот на денот е забележан двојно зголемен ризик за смртност отколку кај оние што се движат повеќе. Ова го покажува истражувањето спроведено на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

Редовните паузи по 30 минути работа може да помогнат во намалувањето на ризикот, особено ако се комбинираат со кратка прошетка, објави списанието за здравје Annals of Internal Medicine.

Прегледи:
518
Објавено на:
15.09.2017