Категории

„Пееме за Fit Kids“: настан за инклузивност во спортот

На 18 Ноември од 20 часот во Equilibrium day&night започнува настанот „Пееме за Fit Kids“, инклузивен настан за сите деца да почнат да се занимаваат со спорт.

Настанот е наменет за придонесување кон креирање на спортски навики кај социјално загрозените деца. „Центар за боречки спортови Работнички Адора“ не’ повикува сите нас да бидеме дел од овој настан и да бидеме промената која сакаме да ја видиме!

На  „Пееме за Fit Kids“ ќе настапуваат повеќе познати лица: Игор Џамбазов, Дами Димитриовска, Адријан Азири, Марија Новак и бендот Plan G.

Картите можете да ги купите и во просториите на Центарот на „Центар за боречки спортови Работнички Адора“, секој работен ден од 18:00 до 20:00 часот. Или купете карта онлајн на https://mktickets.mk/…/%d0%bf%d0%b5%d0%b5%d0%bc%d0%b5…/ или во некое од продажните места https://mktickets.mk/en/prodazna-mreza/

 

Прегледи:
335
Објавено на:
04.11.2022