Категории

Пензионерски пар ќе ве воодушеви со својот моден вкус и позитивна енергија

Германскиот брачен пар Брит и Гантер добро знаат како да уживаат во животот и покрај својата возраст. Кога ќе поминат по улица, сите ги вртат главите по нив, а кој не би го сторил тоа кога изгледаат толку добро.

Со внимателно избрани парчиња гардероба и беспрекорен вкус за естетика и одличен изглед, тие се истакнуваат каде и да се појават. Секогаш се насмеани и зрачат со позитивна енергија што ги прави за едни од најпосакуваните гости на сите културни случувања во градот, особено на оние каде има и подиум за танцување.

 

Брит и Гантер делат ист вкус за мода и секогаш се одлично координирани да изгледаат така како да излегле од филм од средината на 20 век.

Како што вели Гантер, својата виталност ја должи на танцувањето кое го откри во поодминати години.

„Тогаш за прв пат го прескокнав својот фитнес режим и сега ми треба само малку тренинг за сила.“ – вели тој.

Овој, како што го нарекуваат на социјалните мрежи, хипстер дедо, отсекогаш сакал да работи како стилист но никогаш не му се укажала прилика за тоа. Наместо тоа, Гантер станал кувар.

„Во почетокот ми беше тешко, но беше во ред. Сосема нормална работа.“

Гантер вели дека отсекогаш ги сакал промените па тоа се гледа во неговиот стил на облекување.

„Се е во хармонијата помеѓу внатрешноста и надворешноста“ – заклучува модерниот дедо.