Категории

People ја избра Анистон за најубава жена на светот

47-годишната актерка Џенифер Анистон беше прогласена за најубавата жена во светот за 2016 година, од страна на магазинот People.

Ѕвездата на „Friends“ серијата вели дека била шокирана и многу поласкана кога слушнала дека ја добила овогодинешната титула на магазинот.

Во интервјуто за магазинот, Анистон вели дека со тек на годините се научила да го прифати својот изглед и дека најдобро се чувствува кога е здрава и силна. За нејзиниот начин на живот и исхрана, вели дека е променет од кога имала 20 и нешто години.

„Смешна е некако таа брза транзиција од фазата кога не ти гајле, до одеднаш да мора да внимаваш што внесуваш во телото. Сега повеќе спиеме и се грижиме за себе. Во 20-тите можевме да се извлечеме со многу работи“, додава актерката.

За Анистон, најголемата среќа во нејзиниот живот е сопругот Џастин Теро, за кого вели дека е неверојатно интересен смешен и добар човек.

Прегледи:
380
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.04.2016