Во текот на изминатиот викенд, во периодот од 7ми до 9ти февруари 2020, КБК Работнички Адора зема учество на реномираниот меѓународен Кик Бокс турнир „Karlovac Open 2020“. Ова е втор меѓународен турнир накој што клубот учествува со свои натпреварувачи, од неговото основање, во декември 2019 година.
Турнирот се одржа во спортската сала „Младост“, а на истиот учество земаа 2.240 натпреварувачи од вкупно 40 земји. Според бројот на натпреварувачи и конкуренцијата од која што беа дел голем број освојувачи на медали, овој турнир важи за еден од најпредизвикувачките за натпреварувачите, и оправдано ја негува традицијата, реномето, и редовно ја добива целосната поддршка од државата и Хрватскиот кик бокс сојуз.
Натпреварувачката програма на турнирот, опфаќа вкупно 5 дисциплини: К1, Лоу кик, Фул контакт, Кик лајт и Лајт контакт.
Кбк Работнички Адора учествуваше на турнирот со вкупно осум натпреварувачи, од кои шестмина имаа успешен настап, и ги остварија следниве резултати:
Марко Тодоров – Постари кадети, Кик лајт/ -42кг – Златен медал, победа против Израел
Огнен Николовски – Постари кадети, Кик лајт/ +47кг – Бронзен медал, победа против Хрватска, пораз од Италија во полуфинале
Ѓуро Томшиќ – Постари кадети, Кик лајт/ -47кг, 5то место
Александар Георгиевки – Јуниор, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медал, победа против Израел и пораз против Унгарија
Богдан Бетински – Сениори, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медал, победа против Израел, пораз против Бугарија во полуфинале
Петар Гишев – Сениори, Кик лајт/ -63кг – Сребрен медал, победа против Пуерто Рико, победа против Италија и пораз во финале од Унгарија.
Нашиот тим беше предводен од двајца тренери и македонски кик бокс репрезентативци, Димитар Ѓорѓиев (освојувач на турнирот во 2016 година, дисциплина Лоу Кик) и Ненад Манојловски (освојувач на турнирот во 2009 година, дисциплина Лоу Кик).