Категории

Петок, некаде околу 17 часот, во 15ка, автобус на ЈСП… Ќе се зачудиш ли ако шоферот излезе од автобусот откако сите патници влегле?

Петок, некаде околу 17 часот, во 15ка, автобус на ЈСП…
Ќе се зачудиш ли ако шоферот излезе од автобусот откако сите патници влегле?


Некаде по булеварот, покрај една од автобуските постојки минува девојка на велосипед со корпа напред, од која паѓа ракавица. И ете, за изненадување шоферот излезе на постојката, ја зеде ракавицата и влегувајќи ко да се правдаше:
-“Ќе и ја дадам ако ја минеме некаде”.
И навистина. Ѝ ја даде. Ја мина по неколку постојки кога веќе таа кутрата сфатила дека ја нема и пребаруваше по корпата.
-“Греота е, и јас возам велосипед, знам ќе ѝ замрзнат рацете”
Да си ја наполниш душата од ваквите луѓе. Да ти е мерак да запознаеш понекогаш ко за промена некој таков.
Ракувајќи се со него го прашав за име.
Големите луѓе, се големи во срцата.
Заслужуваат да им се спушти капа.
Те поздравувам добар човеку!

За Иле Анчевски. За возачот на ЈСП.

Споделете

Naunov

Прегледи:
543
Објавено на:
24.02.2018