Категории

Пиењето чај e добро за здравјето

Зимата е одличен период за пиење на чај. Некои луѓе веруваат дека пиењето една шолја чај на ден може да излечи многу болести.

Едно истражување во Велика Британија докажа дека чајот го намалува ризикот од глауком. Глаукомот е предизвикан од притисокот на течностите во окото кои го оштетуваат оптичкиот нерв и тоа води до постепено оштетување на видот, а може да доведе и до слепило.

Истражувачите веруваат дека антиоксидантите и природните антивоспалителни состојки од чајот играат значајна улога во намалување на шансите за развој на глауком кај една личност.

 

Прегледи:
658
Објавено на:
27.12.2017