Категории

Пилешки крилца во соја сос и сос од кари (РЕЦЕПТ)

Ако немате идеја што да подготвите, овие вкусно зачинети крилја се вистинскиот избор. Можете да ги послужите со гарнир по ваш избор.

Состојки:

крилја

мелен црвен пипер

брашно + 1 лажица пченкарно брашно

маслиново масло

кари

коријандер

соја сос

Подготовка:

Зачинете ги крилјата добро со сол и посипете ги со мелен црвен пипер. Во садот истурете ги двете брашна и измешајте. Во друг сад, истурете маслиново масло и додадете малку кари, коријандер, соја сос и измешајте сè.

Поминете ги солените крилја низ брашното и маслото со зачини и наредете ги во подмачкана тава. Печете на 220 ° C околу 50 минути.

Прегледи:
617
Категории:
Гастрономија
Објавено на:
07.11.2020