Категории

Пилешко со тиквици и павлака: Ручек готов за половина час! (РЕЦЕПТ)

Направете го овој рецепт со пилешко, тиквици и павлака и набргу ова ќе постане вашиот омилен оброк.

Состојки:

  • пилешки гради
  • една помала тиквица
  • една кисела павлака
  • две лажички сусам
  • помала главичка кромид
  • сол
  • зачини по желба

Подготовка:

Најпрво исечкајте ги пилешките гради на коцки па врз нив ставете ги зачините по желба. Во тавче ставете малку масло, пропржете го кромидот, а потоа додадете го месото. На средна топлина ставете го да се пржи десетина минути, па додадете ја тиквицата која претходно сте ја исечкале на коцки.

Оставете да крчка уште десет минути, а на тој начин сокот кој го испушта тиквицата ќе го омекне месото. Во сад ставете павлака и сусам, измешајте и додадете во тавчето. Откако ќе ги ставите сите состојки во тавчето, оставете го јадењето да се пропржи уште седум-осум минути.

Прегледи:
1358
Објавено на:
10.01.2019