Категории

Пингвини кои се прегрнуваат после смртта на партнерот – Разнежнувачката фотографија прогласена за најдобра во 2020 година

Фотографијата на која два пингвини се тешат еден со друг затоа што и двата ги изгубиле своите партнери е прогласена за најдобрата фотографија оваа година на конкурсот Ocean Photography Awards 2020.

Фотографијата на која прегрнатите пингвини гледаат во далечината е снимена на пристаништето Ст. Килда во Мелбур, а стана вирална на социјалните мрежи и ги разнежни многумина.

Позади оваа тажно убава сцена стои Тобијас Баумгаертнер, германски наградуван фотограф. Тој напиша дека на фотографијата двата пингвини, кои неодамна ги изгубиле своите парнтери и со часови стоеле со поглед на Мелбурн.

Во Мелбурн постои колонија со околу 1,400 пингвини кои припаѓаат на најниската врста на светот.

„Ми пријде еден волонтер и ми кажа дека белиот пингвин е постара женка на која партнерот и погинал а очигледно истото се случило и на помладиот пингвин лево“, напиша Баумгаертнер на Инстаграм.

„Од тогаш тие редовно се сотануваат и се тешат еден со друг со часови гледајќи кон светлата на блискиот град“.

Фотографот откри дека поминал три ноќи со колонијата пингвини пред да успее да ја сними фотографијата.

Прегледи:
890
Објавено на:
27.12.2020