Категории

ПИСМО ДО ИГОР ЏАМБАЗОВ

ПИСМО ДО ИГОР ЏАМБАЗОВ

Младата писателка Стефани Сидороска (14) на својот Фејсбук профил напиша отворено писмо до Игор Џамбазов. 

Не си човек што би си го трошел скапоценото време на пораки кои воопшто не те интересираат. Но верувам дека ова писмо ќе стигне до тебе, и ќе ми ја исполниш желбата.
Напишав книга на 13 годишна возраст, иако моите врсници сеуште се активни на социјалните мрежи и не ја препознаваат убавината на книгата.
Љубовта кон пишаниот збор ми е прва, чиста, искрена љубов во животот. Како што поминуваа годините таа стануваше се посилна и посилна.
Од кога знам за себе, пишувам, се што ми лежи на душа, сакам да споделам со другите. Не сум девојче кое нема храброст да ти напише писмо, незнаејќи дали ти тоа ќе го прочиташ.
Инспирацијата за да ја напишам „СТАПКИ НИЗ ТВОЕТО СРЦЕ“ доаѓаше од сите страни, но најголемата инспирација доаѓаше од тебе ИГОР!
Кога ќе видев на портал дека имаш нова книга, нов цитат, јас бев најсреќна. Во главата ми се вртеа чудни мисли…Зошто јас да не напишам книга?
Зошто да не го усреќам овој човек?

1 2

Прегледи:
757
Објавено на:
17.04.2016