Категории

ПИСМО ДО ИГОР ЏАМБАЗОВ

Иако, јас и ти не се познаваме, но ти стана дел од мојот живот, и сеуште си тука за да бидеш поддршка, како илузија, иако никогаш не си ми вратил на порака, а детето знае да се растажи ако вредностите не му се возвратени.
Да се задржам на темата..
Книгата е современа македонска проза, во мојата книга не се раскажува како сум го поминувала детството, но јас напишав една љубовна приказна.
Во која те гледам тебе и твојата Ики..Како што ти ја нарекуваш во книгите.
Кога и да ве видев на ТВ, а јас бев малечка, со насмевка и се обраќав на мајка ми, а насмевката ми значи „Види мамо, ИГОР..“
А кога ја издадов книгата, татко ми беше тој кој ја носеше во една бела кутија, сите бевме среќни, јас чувствував една празнина во срцето кога повторно не добив повратна информација од твоја страна.
Книгата си доби свој профил, се раскажува за љубов која ја доловив во лист хартија, и мојата рака која пишуваше ли пишуваше..
А ти Игоре, објавуваше свои текстови, поеми..
Јас бев прва која ги читаше, брзав да си дојдам побрзо од училиште за те читам, кога бев тажна отворав кај тебе на профил, и ми искрадуваше насмевка..Само да ми поминеше низ мисли доволно беше за мојот ден да биде убав.
Ги сакам твоите книги, омилени ми се. Љубов ми се.
Иако немам ни една твоја книга, не е тоа од што не сакам, тоа е од што не можам да најдам ни една твоја книга во книжарниците.
Читателите се оставени на милост и на немилост за да добијат книги, како и јас…
Многу ми е мило што издаде нова книга „УМРЕН ЧОВЕК“.
НЕ!
Ти си по жив од кога било. Дишеш, и продолжуваш со живеење.
Можеби на крајот на тунелот беше, но види, повторно се врати во ливадите исполнети со рози.
Ќе речат дека сум само разгалено детиште кое бара нешто невозможно, и сака секоја желба да му биде исполнета, но не!
Јас сакам само да те запознаам, желна сум за една твоја посвета и разговор, макар и на пет минути.
Игор, знам дека не си од камен, срце носиш во себе, колку ли операции доживеа, но ете, тоа не се предаде. И никогаш нема.
Додека читателите се до тебе, ти ќе бидеш во сите нас.
Животот можеби ќе ме однеси на друг пат, можеби никогаш нема да те видам, но мојата најголема желба е таа.
Писмово можеби ќе стигне до тебе, и јас тоа го посакувам, да прочиташ се што има да ти каже едно девојче кое остварува успеси за ти да се радуваш.
И за крај, сакам да ти посакам топлина во твоето срце, пишан збор кој нема да овене, и љубов кон животот.
Размисли, што прави ова девојче додека пишува писмо до еден водител, шоумен, музичар, писател?
Храбра сум за да направам чекор напред, ќе бидам упорна се додека не ми се исполни желбата.
Нека ова мое писмо биде поттик да напишат сите се што им лежи на душата, и им создава немир во градите, чувствував одговорност да ти го напишам ова, многу пати се запрашав зошто не ми враќаш на пораките, се што е твое за мене е непознато, тажно…
Но, мојата желба ќе се исполни кога- тогаш.
Знаеш Игор, колку боли лажната надеж која гори во мене?
Размисли за овие мои зборови поради кои твоето срце нема да доживее срцев удар, но ќе се насмевне слатко, затоа што ти си мојот идол, и пример во животот.
Скала по скала, успех.
Успех, по успех, Игор Џамбазов.

Со љубов,
Стефани Сидороска

1 2

Прегледи:
758
Објавено на:
17.04.2016