Категории

Писмо кое секој треба да го прочита: Ја пуштив со другарките на одмор, а потоа…

Бевме неразделни, уствари верени бевме. Си дојде лето ко секое лето,па така плановите и договарањата добија на интензитет. Прва изрази желба дека сакала да оди со другарки во викендицата во Охрид. Добро, и ги дадов клучевите од викендицата и излегов од дома нешто итно. На враќање и донесов и штека цигари, за толку имав.

И го дадов и југото, ама одби експресно, ќе идела со другарките, татко и на едната ќе ги носел со џипот. А и југцето ја нема искачено стража добри 10 години. Заминаа, фала богу ќе си го догледам светсково раат, онака машки, со многу пиво.

За време на финалето некој дофрли во стилот “Нека трча овој глупиот по топката, жена му којзнае со кого е на некоја јахта во Рио.”Но, заврши и финалето, се прибрав едвај накај дома, туш, и легнав со телефонот во рака за да и завртам. Беше недостапна.

Најчесто кога сум пијан ми текнуваат мал милион работи. Па така, ми текна дека кога и го земав ајфонот и ставив една апликација за следење на телефонот (чисто за недај боже).

Отворив уште едно пиво и стиснав “Locate phone” … Памтам само дека вртеше тоа топчето и не најде ништо, па сум заспал како заклан. Утрото не бев мамурен, ама бев изваден од такт ко вратар пред Колосеум на времето, може и бетер. На телефонот пишуваше моментална локација :’Budva’.

Се слушнавме уште 2,3 пати како ништо да не било. Веќе бев блиску Црна Гора кога и го кажав последното (ради реда) те сакам. Возев и се потев како да носам полн багажник дрога, се потев ко пубертетлија кога ќе го прашаа дома дали пуши цигари.

Стигнав некако. Купив една вода и ризла и се упатив кон првата клупа што ја видов слободна под сенка. Ми пријде еден локален таксист, ме праша дали ми треба друштво, дрско го одбив мислејќи дека е геј. Но типот мислел на женско друштво. Ми понуди девојки од разни земји, но не бев заинтересиран, од проста причина што ковав план за кучката, се додека не ми кажа дека може да ми најде и од Македонија нешто за да се омрсам.

Ми светна.

Го распрашав поубаво, го почастив и некое евро ситно од патарини што ми остана. Ми рече дека ќе ми даде број од некоја Ивана. Останав без воздух цела минута, почна да ми се прави филмот.

И нормално, веќе претпоставувате…

Гласот беше тој, ја слушнав на ‘спикер’ додека пријателчево се обидуваше да ја договори по најскапата тарифа – кај неа на јахта, фул третман. Отидов 3,4 часа порано на договореното место, ја најдов и јахтата, на која верувале или не, влегуваше и излегуваше народ како порано пред грчка амбасада.

Наеднаш решив да си одам, нејќев да ја погледнам во очи, а и немаше потреба, ќе требаше да ја лежам. На ќелавиот што стоеше пред јахтата во коверт му ја оставив мојата празна кредитна картица и 10 центи до неа, и му реков да и го даде на Ивана, помислувајќи дека и претходно и го има дадено на мојата несудена сопруга.

После месец дена ми стигна назад истото писмо, со картицата внатре, но место 10 центи имаше 6 од розевите, и едно мало ко бакшиш стуткано ливче на кое пишуваше “Немој да ги испиеш сите, не вредам толку !”. Се сложив, и од парите купив само една лименка пиво (од малите) – толку вредеше.

И на крај, какво и да си копиле, животот е полн со изненадувања.

Прегледи:
399
Објавено на:
27.07.2016