Категории

ПИТБУЛ КАКО КУМ НА СВАДБАТА НА НЕГОВИОТ СОПСТВЕНИК

Колку и да ви се чини лудо и невозможно навистина се случило! Овој дечко не можел да се одвои од својот питбул дури ни на сопствената свадба па решил да го земе со себе и згора на се да го направи негов кум. Погледнете!

Џереми Зута и неговата невеста Херан Хејли сакале да се венчаат во City Hall, но имало еден мал проблем (кој подоцна станал голем) – во просторот не дозволувале кучиња па така нивниот питбул Ејс немало да може да присуствува. Затоа тие се откажале од City Hall и одбрале една сала за вежбање која со неколку декорации станала совршениот простор за венчавка на која секако присуствувал и Ејс.

q2

q3

Нивниот сладок питбул дури бил облечен во сопствено мало одело и чекорел до олтарот со младоженецот како негов кум. Ејс неколку недели пред свадбата бил и на подготовки со личен тренр за да научи како да се однесува меѓу толку многу гости.

q4

q5

Ејс е дел од животот на овој пар веќе 8 години  и го сметаат за нивно детенце, па затоа било незамисливо тој да не присуствува на нивниот најважен ден во животот. Иако невестата, Херан на почетокот не сакала кучиња, а посебно не питбули, Ејс набрзо и се пикнал под кожа и го сменил мислењето. Сега заедно со нејзиниот маж размислуваат за посвојување на уште едно питбулче.

q6

q7

Погледнете го краткото видео од патот до олтарот на Џереми и Ејс.

Прегледи:
522
Објавено на:
24.07.2016