Категории

“Плишана свадба” во АЛИКАС како генерална проба за на пролет

Иако немаме младенци во ресторан АЛИКАС оваа година, решивме да внесеме малку хумор во тмурното секојдневие. Затоа направивме фотосесија со овие прекрасни мечиња, за да ве потсетиме на времињата кога сите заедно ги прославувавме вашите најсреќни моменти.

Иако цела година ни е празна салата, денес решивме да ја наполниме и да ги стоплиме срцата. Сакавме да ви испратиме апел; Младенци остана уште малку време пред повторно да се гушкате со вашите најмили. Пред да влеземе во угостителскиот зимски сон, пред се ви посакуваме добро здравје, а потоа во наредната година ве очекуваме за да ги пополниме празнините кои ги предизвика оваа.

Голема БЛАГОДАРНОСТ до нашите пријатели кои ни овозможија да го организираме овој настан. Атлантик комерц кој ни ги донесе на гости мечињата, Ана Ангелковска која со својата декорација ја создаде оваа бајка и Фото студио Јасмина кое со своите фотографии го претвори моментот во вечност.

Прегледи:
1257
Категории:
Занимливости
Објавено на:
16.12.2020