Категории

По свадбата, пар продал речиси сè што поседувал и тргнал на најдолгиот меден месец на светот

Млад брачен пар одлучил да продаде речиси сè што поседува и да даде отказ од работа за да тргне на долг меден месец, кој досега трае речиси пет години.

Мајк и Ен Ховард досега имаат посетено 50 земји и не планираат да застанат.

Двајцата партнери биле едногласни дека нема да чекаат да остарат за да си го исполнат сонот за патување, а нивната решителност резултирала со „Најдолгиот меден месец на светот“.

„Ние сме Мајк и Ен Ховард, двајца Американци кои сфатија дека животот е краток, светот е голем, а вредноста на патувањето е преголема за да чекаме уште еден ден. Кога дојде време за нашиот меден месец, одлучивме да дадеме отказ од нашите работни места и да тргнеме на патување околу светот. Тргнавме на 22 јануари 2012 година и сè уште патуваме… тоа се претвори во Најдолгиот меден месец на светот“ – пишуваат тие на својот сајт.

„Си помисливме, чекањето да наполниме 65 години и да се пензионираме за да ги следиме нашите соништа е многу ризичен план. Ајде да тргнеме на патување додека сме млади и здрави“ – објаснуваат тие.

Парот продал сè што поседувал, со исклучок на живеалиштето, кое го изнајмува, и започнал да патува со својата заштеда. Сега Мајк и Ен заработуваат од патувањата низ светот преку сајтот „HoneyTrek“, како и од држење предавања. На почетокот тие заедно трошеле по околу 2.300 денари дневно, а сега нивните трошоци се сведени на 1.500 денари дневно.

If any historic #castle belongs in a fairytale, it’s Sintra’s Castelo de Mouros. #Sintra #Portugal

A photo posted by Mike & Anne – HoneyTrek.com (@honeytrek) on

Giant cod! #Scuba diving w/ @SFOCairns: Mega fish & gorgeous coral in the Great Barrier Reef #Australia

A photo posted by Mike & Anne – HoneyTrek.com (@honeytrek) on

„Намалувањето на трошоците нè држи подалеку од позиција со работно време од 9 до 5“ – вели Мајк.

Instagram профилот honeytrek е преполн со фотографии од прекрасните авантури на младата двојка. Нивната најнова авантура е во Будимпешта, а претходно Мајк и Ен ја посетија Хрватска.

Прегледи:
140
Објавено на:
21.12.2016