Категории

Почина еден од најзапаметените Џејмс Бонд актери, Сер Роџер Мур

Го играше Џејмс Бонд седум пати, а имаше посебен шарм и енергија, починал денес во Швајцарија на 89 годишна возраст.

Сер Роџер Мур, еден од најпознатите британски автори кои после Џејмс Бонд се посвети на телевизиската кариера, со повеќе главни улоги во познати серии. Улогата на Бонд ја доби на 46 години, тогаш најстариот актер кој ја добил „честа“ да го игра култниот Бонд 007.

Мур исто така беше актерот кој најдолго го облакаше костумот на Бонд, започнувајќи во 1973 година со “Live and Let Die” и завршувајќи во 1985 година со “A View to a Kill.”

Како причина за смрта се наведува рак, согласно официјално соопштение на семејството на Twitter.

 

Прегледи:
523
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
23.05.2017