Категории

Почувствувајте го мирисот на детството и научете како да подготвите штрудла од јаболки (РЕЦЕПТ)

Штрудлата е еден од најпопуларните десерти во светот, а постојат многу различни варијанти на подготовка на овој превкусен колач. Ова е рецепт за штрудла од јаболки која може да се служи и со сладолед од ванила.


Потребни состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 1 кг кисели јаболки
  • 100 грама шеќер
  • 50 грама маргарин
  • цимет
  • малку рум или млеко
  • суво грозје
  • сладолед од ванила

Подготовка:

Корите за питата намачкајте ги со стопениот маргарин, па потоа додадете ги претходно изренданите јаболки.
Посипете со шеќер, цимет и суво грозје, кое претходно ќе ги натопите во рум или млеко. Направете ролад од корите и ставете го во сад за печење, подмачкан со маргарин.


Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час до 40 минути, додека кората не добие жолтникава боја. Оставете ја штрудлата да се излади, потоа исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и сервирајте со сладолед од ванила.

Добар апетит!

Прегледи:
569
Објавено на:
07.12.2018