Категории

Подгответе ја спалната соба за лето – овие промени се неопходни

За полесно да ги поминете високите летни температури, важно е да го прилагодите и својот ентериер.

Спалната соба е една од најважните простории во нашиот дом бидејќи во неа се опуштаме по долгиот и напорен ден. Поради тоа, важно е да ја декорирате за секоја сезона.

Ослободете го просторот

Ослободувањето на просторот дава дополнително место за освежувачки летен воздух и задолжително размислете за креирањето на вентилација. За да овозможите подобар проток на воздух во просторијата и поквалитетно животно опкружување, време е да преминете на провидни и лесни завеси. Тргнете ги теписите од просторот, бидејќи тие дополнително генерираат топлина.

Одржувајте го својот амбиент во светли бои

Ладните и свежи бои претставуваат подобра опција во текот на летото и можат да ви пружат удобно чувство во спалната соба, кога надвор температурите се високи. Неутралните бои се безвременско решение за било кој простор и сезона, па дури и кога ќе заврши летото, овиее тонови одговараат бидејќи едноставно никогаш не излегуваат од стил. Определете се за бела боја, светло сива, крем или мило која друга неутрална боја и додадете неколку темни детали.

Внесете боја

На крај, потребно е да внесете малку повеќе живот во просторот со светли бои и детали, за да не стане едноличен и досаден. Ова може да се постигне со додавање на вашите омилени билки, различно обоен мебел или неколку посветли постелнини, кои би требало да бидат обоени во ведри бои со текстура на памук. Последното е исклучиво важно, перниците, чаршавите и останатите делови од постелнината треба да бидат од памук, бидејќи овој и слични природни материјали го одржуваат вашето тело ладно во текот на спиењето и и овозможуваат на кожата да дише.

Прегледи:
479
Објавено на:
07.06.2018