Категории

Поглед во луксузниот и непробоен воз на северно корејскиот лидер Ким Јонг Ун

Северна Кореја е речиси целосно изолирана од остатокот од светот, а што се случува таму малку се знае. Воедно за северно корејскиот народ остатокот од светот е целосна мистерија. 

Невообичаена средба на Ким Јонг Ун и овозможи на јавноста да види како патува овој владетел. Тој се сретна со кинескиот претседател, со цел ублажување на односите со САД, односно подготовки за најавената средба која лидерот на Северна Кореја треба да ја има со американскиот претседател Доналд Трамп.

Оклопниот воз има луксузни елементи и наводно големи залихи на алкохол, бројни деликатеси вклучително и јастог. Сочинет е од 90 вагони, со два посебни воза пред и позади за негова максимална безбедност и се движи со максимална брзина од 60 километри на час.

Зелено жолтиот воз го користел и неговиот татко, Ким Јонг Ил, кога во 2000-та година патувал во Пекинг на средба со тогашниот лидер на Кина.

Заради неговата тежина се движи споро, со просечна брзина до 37 километри на час, но внатре има современа технологија и луксуз. Розевите фотелји се вистински контраст со здодевната надворешност, а како што пренесуваат елементите со дрво и луксузното уредување, иако е спор го прават возот одличен за патување.

Разни дипломати кои имале можност да патуваат откриваат тајни како служењето на Бордо и Божоле, кои биле носени директно од Париз и јастогот кој бил често застапен на менито.

Тој пристигнал со неговата сопруга, Ри Сол Ју, која се наоѓа од неговата лева страна, каде што ги пречекале претседателот на Кина и неговата сопруга.

На дипломатските средби дегустирал традиционално кинеско вино, малку поразлично од тоа што се служи во неговиот воз.